Од 22 часот во саботата до 4 часот во недела на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол, инфомира денес Министерството за внатрешни работи (МВР). Притоа санкционирани се 20 возачи на подрачјето на Тетово и седум возачи на подрачјето на Гостивар, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 17 останати прекршоци на подрачјето на Тетово и 13 останати прекршоци на подрачјето на Гостивар. Истите се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.
На 17.11.2019 во периодот од 00.30 до 01.15 часот во Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објекти, при што е констатирано дека во два угостителски објекта, на ул.„ЈНА“ и ул.„Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното. Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.