Во чест на 7-Мај, Денот на полицијата, од страна на МВР, на Секторот за внатрешни работи Тетово му се додели плакета за успешно реализирани акции за недозволена трговија со дрога и особен придонес во промоцијата на професионализмот.
-Заслужни за ова плакета се вработените при СВР Тетово и ОВР Гостивар, кои со нивниот придонес секогаш се справувале и ќе се справуваат со криминалот, но исто така ќе бидат како и што досега биле сервис на граѓаните, информираат од СВР Тетово.
Признанието го прими началникот на СВР Тетово, Амир Далипи.