Универзитетот во Тетово три дена е домаќин на Меѓународен конгрес на хуманистички и социјални науки и уметности во чии рамки ќе се одржат пет научни конференции. Денес попладне Конгресот беше свечено отворен со пригоден говор на ректорот на Универзитетот, проф. Д-р Вулнет Амети.
-Активностите од ваква природа се насочени кон научен напредок, нови достигнувања и надминување на проблемите што претставуваат предизвик за одредени науки. Ние како Универзитет, оваа година извршивме десетици истражувачки активности, но она што дополнително ја збогатува научната активност на Универзитетот во Тетово, секако, е организирање на овој конгрес, порача ректорот пред присутните.
На конгресот учествуваат околу 300 учесници од Универзитети од повеќе земји.
-На овој конгрес покрај конференците, ќе се промовираат петте нови изданија на наши списанија. Учесниците придонесуваат со 210 научни дела од околу 300 коавтори, а ќе се одржи и работилница на тема „Примена на статистички методи во научното истражување“ на 15 и 16 ноември,истакна ректорот Амети.
На конгресот ќе се одржат „Научна конференција за педагогија“, „Конференција за современите економски трендови“, „Конференција Јазикот, литературата и културата во 21 век“, Правна конференција: Европската перспектива на Западен Балкан“ и конференција на Факултетот за филозофија „Миграции, причини, мотиви и последици“.