Во Тетово вчера се одржа 2-риот меморијален шаховски турнир „Махи Халили-Лала“ во организација на шах клубот Анпсан од Тетово. Победник е Ндерим Сарачи од Косово, втората позиција му припадна на Љубомир Данов од Бугарија додека Македонецот Никола Николовски се пласираше на третото место.
-На турнирот Швајцарски систем, 9 рунди со временска контрола рапид на 15 минути +5 секунди. Учествуваа вкупно 113 шахисти од 5 земји, изјави Низамедин Имери, претседател на шаховскиот клуб Анпасан од Тетово.
Покрај на тројцата најдобри, парични награди имаше за првите 10 пласирани.