Министерот за здравство Венко Филипче ја демантираше веста објавена во некои медиуми дека во Тетово корона вирус е утврдена кај докторка-специјализант. На новинарско прашање дали е точно дека докторка специјализантка од Тетово е заразена од корона вирус бидејќи информацијата ја пренесоа неколку медиуми, министерот Филипче даде одговор:
-Не, нема специјализантка која што е јавена на преглед ниту тестирана, рече Филипче.
Целата прес конфренција може да се види тука. Одговорот и прашањето за Тетово почнува на 14 минути и 55 секунди.