Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес беше во посета на Секторот за внатрешни работи Тетово. Со раководството разговарал за состојбите околу откривање криминал, процент на реализација, проблеми на вработените како и преземањето превентивни мерки за фудбалскиот натпревар Македонија-Косово и околу претстојните избори.
-Овој Сектор има реализација од 47 проценти на откривање на дела од непознат сторител што претставува меѓу највисоките во државата. Најголем проблем како низ државата е зголеменото присуство на наркотици и справувањет со тој проблем. Колегите се добро екипирани, но потребно е да се преземат мерки за подобри просторни услови за вработените во СВР Тетово како и обезбедување на материјално технички средства, рече Чулев.
На средбата министерот Чулев бил информиран за безбедносната состојба на територијата на СВР Тетово, односно дека е стабилна и без посебни нарушувања на јавниот ред и мир, со посебен акцент на 2019 година кога е забележан пад на бројот на сторени кривични дела, а зголемен е бројот на откриени сторители.
А.С