Министерот Наќе Чулев беше во посета на полициската станица во Јегуновце, сооопшти МВР.
-Полициското одделение Јегуновце функционира во нови простории кои се изградени од страна на Министерството за внатрешни работи, но инвестирањето во материјало – технички средства, кадровски потенцијал треба да биде приоритет во наредниот период. Парламентарните избори беа во фокусот на денешната работна средба при што од страна на раководството во полициското одделение беше потенцирано дека активно се преземаат сите оперативни мерки во насока на нивно обебезбедување.
Потенцирав дека од страна на Министерството за внатрешни работи ќе бидат преземени потребните мерки за соодветно распоредување на полициските службеници, во насока на обезбедување на максимална покриеност на територијата на целата држава. Уште еднаш ги повикав полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори.
Стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори. Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова.
Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тиа масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право, соопшти министерот Чулев.