Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.
Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.
Вчера во Тетово започна имунизацијата против Ковид 19 на децата од 12 до 17 години кои се пријавиле преку сајтот вакцинација.мк, а пријавени биле зазакажани 73 термини. Процесот се одвива во вакциналниот пункт во Здравствениот дом.
-За деца до 18 години, има вакцини „фајзер“ и има 73 термини. До сега кај лицата што примија вакцина нема никакви несакани ефекти. Децата мора да дојдат со родител, старател и да потпишат согласност, по што доктор им прави медицински прегледи, се аплицира вакцината и се препорачува да останат 15 минути, вели главната сестра во Здравствениот дом, Дрита Зибери.