Денеска во центарот на Тетово, во рамките на предизборната кампања, младите од Движењето Беса поделија кафе со изборниот слоган (на албански јазик – Me ka krejt, на македонски јазик се преведува „Со се“) за случајните минувачи.
Лидерот на Движењето Беса, истовреме и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, го испи утринското кафе заедно со граѓаните во импровизираната кафетерија.
-Ова е генијална идеја од младите на Движењето Беса и беше исклучително добро прифатена од граѓаните на Тетово, бидејќи се уморни од класичните и општи кампањи“, рече лидерот на Движењето Беса, истотака и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами.
Тој, исто така, разговараше со граѓани, каде што ја презантира и својата програма и идеи за тоа како ќе раководи со општината во следните четири години.