Почнуваат да се намалуваат амбулантските прегледи во Ковид центарот во Тетово, па лекарите согласно досегашната практика предвидуваат можно намалување на бројот на заболени и хоспитализирани. Имаме 41 хоспитализиран пациент кои се во тешка здравстена состојба, само еден пациент е без поддршка на кислород.
– Во амбуланта доаѓаат пациенти со полесна клиничка слика и доаѓаат некои на совети. Сега за сега е постабилно. Има пациенти кои се без коморбидитети, тие се во домашно лекување. Што се однесува до бројот на амбулатнски прегледи почнува да се намалува и индикатор е дека во наредните денови најверојатно нема да има зголемување на бројот на пациенти или на хоспитализирани пациенти, објаснува координарот во центарот Д-р Гзим Нуредини.
Тој вели дека во ковид центарот се снабдуваат континуирано со кислород и со оглед на централен довод нема недостаток и не било проблем давањето на пациенти.
–Претежно сите пациенти кои се хоспитализирани тие дишат преку маски, имаат потреба од кислород. Таа е основна терапија која што ја барат за да преживеат, без кислород нема шанса да се реанирамира или да да се држи во живот пациент со тешка состојба поради Ковид-19, кои имаат ниска сатурација, рече Д-р Нуредини.
Според него превентивните мерките ќе дадат поголеми резултати за две до три недели.
А.С