Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг.
Од 8.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 61,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)