Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73% во однос на Одлуката од 31.08.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
За 1,00 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг и ќе изнесува 25,956 ден/кг.