Зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 е можен по две недели поради доаѓање на печалбарите во тетовскиот регион, оценува д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот во тетовската клиничка болница каде е започнато со работа за поставување на монтажен објект со цел да има повеќе легла. Се смета дека модуларната болница ќе претставување намалување на притисокот врз болничките капацитети и персонал.
-Сега не е потребен монтажниот објект но за две недели не знаеме што ќе се случи. Се плашиме дека ќе има зголемен број бидејќи многу луѓе се дојдени од Западна Европа на одмор во родниот крај, вели докторот.
Поставена е бетонска подлога за монтажната болница. Лоцирана е веднаш до пристапен пат.
-Наредниот месец се очекува да биде поставена модуларната болница во кругот на Клиничката болница Тетово. Треба да има 35 легла, големина околу 500 метри квадратни. Со распоред за персоналот, ќе има и лабораторија, рече Нуредини.
Минатата недела во тетовскиот регион се бележат 4 смртни случаи на луѓе на возраст од 62-82 годин, сите со коморбидитети.
-Сега во моментот има 33 пациенти што значи намален број на хоспитализирани но не значи пропорционално намален број на заболени бидејќи тука болните лежат со недели, изјави Д-р Нуредини.
Во последната евиденција на заболени од коронавирус има 878 активни случаи во тетовскиот регион.
А.С