Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово, во соработка со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тракија од Република Турција, денеска организираше научен симпозиум на тема „Актуелни пристапи кон ракот на белите дробови“. Присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека денешниот симпозиум е посветен на современото лекување на ракот на белите дробови.
– Оваа соработка и поддршка е реципрочна, преку конференции и семинари меѓу универзитетските и болничките институции, и така се развива и поттикнува научен и стручен кадар во лекувањето на болести и напредни хируршки методи кои се применуваат кај нас и во некои напредни медицински центри во светот за третман на рак на белите дробови, рак на хранопроводот, цисти и тумори и итн, рече министерот.
Тој истака дека во тек се активности за олеснување на пристапот до дијагностички и здравствени услуги потребни за следење на малигнитет.
-Исто така и за систематско решавање на пристапот до иновативни нови терапии кои можат да ги спасат животите на многу пациенти. Предвидено е и проширување на позитивната листа и дел од неа да бидат лекови кои во изминатиот период се набавуваа со посебен буџет, за подобрување на третманот на пациентите со малигни заболувања. Заедничка цел е да се намали стапката на смртност и можноста за сите, да добијат висока здравствена заштита во рамките на здравствениот систем, што е една од основите за спроведување на првиот национален план за контрола на ракот во земјата, изјави министерот за здравство, Беким Сали.
Ректорот на Универзитетот во Тракија, проф. Др. Ерхан Табакоглу потсети дека од 2018 година е започната соработка на двете институции.
-Од Универзитетот во Тетово во иднина кај нас очекуваме многу студенти по медицина и медицински сестри. Сакаме пак да дојдеме за нови проекти и соработка како што се е идејата за Технопарк, нагласи ректорот на Универзитетот во Тракија. Проф. Др. Ерхан Табакоглу.
Од името на Универзитетот во Тетово, пред присутните се обрати проректорот за наука, проф. Др. Хазир Положани. Се обрати и генералниот координатор на симпозиумот, д-р. Левент Исмаили.
На овој симпозиум свои теми поврзани со актуелните пристапи кон ракот на белите дробови изнесоа: Проф. Др. Мурат Туркилмаз, проф. Др. Омер Џемали, проф. Др. Гундениз Алтиај, Др. Илир Исмаили, проф. Др. Зафер Кочак, Др. Илир Вела и Др. Левент Исмаили.
Дел од настанот беше промоција на шестото издание на број 11-12 на „Acta Medica Balkanica“ научното списание на Факултетот за медицински науки
ас