Безбедноста на граѓаните на интернет ќе се зголемува со повеќе димензионална соработка на институците, најави министерот Манчевски откако институциите затворија канал на социјалната мрежа Телеграм поради забележана форма на дигитална небезбедност на лични податоци. И приватниот сектор ќе се интегрира во поголема мрежа за унапредување на сајбер безбедноста.
„Секакви софтвери може да имаме, основна работа во делот на сајбер безбедноста е меѓусебна размена на информации. Помеѓу институциите но не само помеѓу нив туку и оние кои што увидат дека нешто се случува да го пријават. За овој случај навистина мислам дека имавме брза реакција. Но нормално тоа не е доволно. Одиме на следен чекор, ние дефинираме нашата критична инфрастрктура. Тоа не се се однесува само на државните институции туку го опфаќа и приватен сектор и поставуваме систем на сајбер заштита кој оди преку национален центар за компјутерски инциденти кој е веќе воспоставен на кој што треба да му ги зголемиме капацитетите“, рече Манчевски.
Постои национална стратегија за сајбер безбедност во таа насока.
„За да можеме да имаме поорганизирана одбрана на овие критични системи, клучен дел е во националната стратегија за сајбер безбедност и меѓусебна размена на информации. Во таа насока го формиравме национален совет за сајбер безбедност во кој членуваме МИОА, МВР Министерството за одбрана во тело кое има експертска група која на дневна основа ги следи состојби и региара ако се случува нешто“, рече министерот.
А.С