На социјалните мрежи се споделува најава за протест денес во 13 часот на улицата „Видое Смилевски-Бато“ попозната како Индустриска улица на последниот кружен тек со булеварот „Илинденска“.
-Во понеделник (25.01.2021) во 13:00 часот ќе се организира протест за решавање на проблемите на пешаците на Индустриска улица. Протестот е организиран по многу неуспешни барања за изградба на надвозници. Овој пат секоја година е причина да згаснува нечиј млад живот. Да не чекаме други случаи со трагичен крај, но да го кренеме гласот и да побараме од надлежните органи да преземат соодветни мерки за решавање на овој проблем.Нашите конкретни барања ќе ги обелодениме на денот на протестот, се вели во известувањето.
На 13 јануари на оваа улица животот го загуби 6 годишно девојче пешак.