Најмногу поени за запишување во едно од шесте општински средни училишта во Тетово на полуматураните ќе има требаат за во средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. За упис на еден од профилите-општи смер, фармација, стоматолошки техничар, лаборант или физиотерапевт потребни се 70 поени.
-Помалку поени за упис во ова училиште потребни се за смеровите козметичар со 45 поени и негувател со 35 поени. Во двете гимазнии и економското уччилиште се потребни по 60 поени за упис. За упси во средно стручните училишта во зависност од профилите се потребни од 35 до 45 поени, само во профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика во ССОУ „Моша Пијаде се потребни 60 поени, истакна Ахмед Ќазими раководител на Секторот за јавни дејности при општина Тетово.
Претставникот на општинската администрација потврди дека се преземени сите протоколи за заштита на здравјето на вработените во училиштата и учениците.
-Се почитуваат строгите протоколи за работа и зачувување на здравјето, со одржување на ред , растојание од два метри, користење на визири и ракавици за заштита на вработените, користење дезинфекциски средства и слично. Исто така при поднесување на документите овозможен влез само на ученикот или неговиот родител/старател, со носење задолжителна заштитна опрема на лицеето, рече Ќазими.
Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2060 деветоодделенци, но се очекуваат помалку запишани во средните училишта.
-Очекуваме запишување од 1800 до 1900 ученици во трите наставни јазици, македонски, албански и турсски. 2060 полуматуранти завршиле основно училиште но помал број се очекува затоа што еден дел ќе одат во приватни, верски или училишта надвор од Тетово. Со оглед дека годинава трите пријавувања за упис се во јуни, полуматурантите сега треба да направат избор согласно условите кои ги исполнуваат затоа што во август нема да има можност за запишување, потенцира раководителот Ќазими.
Минатата година во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски. Денес и утре е првиот пријавен рок за средните училишта, додека следните два на 24/25 јуни како и 29 јуни.
А.С