Тетовската полиција денес го нашла и привела 37 годишниот Л.К од Мала Речица кој се барал со потерница за да доиздржи казната затвор за убиство. Тој бил најден во неговото село.
-Денеска околу 13 часот и 10 минути, на улица 170″ во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот Л.К.oд Мала Речица, кој со потерница од Казнено поправна установа „Идризово“се барал за доиздржување на затворска казна од две и пол години за сторено кривично дело “убиство”. Приведениот Л.К.ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа “Идризово” во Скопје на доиздржување на казната, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осуденикот успеал да избега од затворот по што била распишана потерница за негово наоѓање.
А.С