Планинарите од полошкиот регион се претставија со шест тематски презентации на денешното одбележување на Светскиот ден планината што се одржа на ридот Балтепе над Тетово под мотото „Планинарење и планинска опрема во зима“.
Презентациите беа подготвени од 10 планинари водичи во планина од клубовите „Јелак“, „Тетекс“ и Аргентус Моунт од Тетово како и Шари и Бистра од Гостивар.
-Беа презентирани темите „Облека и опрема за зимски услови“, „Техничка опрема за зимски услови во планина“, „Движење на група планинари во зима“, „Патеки во горно полошкиот регион“, „Обнова на кулата на Титов врв“ и презентација од страна на тимот за спасување во планина при Дирекција за заштита и спасување од Тетово, изјави Александар Стојановски, регионален координатор за водичи во планина при Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ).
По повод Светскиот ден на планината пригодни настани Федерацијата за планинарство вакви настани организираше во повеќе градови низ државата.
А.С