Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово организираше панел дискусија на тема „Ковид-19 меѓу нас и вакцинација“. Панелисти беа деканот на Факултетот Невзат Елези, раководителот на Ковид-центарот Гзим Нуредини, раководителот на секторот за јавни дејности Ахмед Ќазими, професорка Резеарта Елези и студентот Дитурим Џеладини.
-Поставувањето на пунктови во планинските и руралните села е доста добра насока за масовна вакцинација на населението . Треба да се сензибилизира населението преку медиумите и разни слични трибини и преку вакцинацијата да се постигне колективен имунитет, истакна на дебатата д-р Невзат Елези, декан на Факултетот за медицински науки.
И останатите панелисти ја истакнаа потребата од масовнат имунизација како начин за надминување на пандемијата, при што беа истакнати придобивките и можните ризици што може да ги донесе вакцинацијата. Дел од дискусијата беа и студентите на Медицинскиот факултет.
А.С