На Универзитетот во Тетово, научната група на Факултетот за медицински науки, под раководство на координаторот, доц. Др. Арбереша Беџети – Ферати, денеска организираше трибина на тема „Рак на белите дробови – месец на подигање на свеста“.
Дел од панел-дискусијата беа Др. Спец. Арбен Реџепи – пулмолог кој ја презентираше темата: „Предизвици во дијагностицирањето на ракот на белите дробови“, Др. Спец. Висар Џафери – специјалист по торакална хирургија, кој ја презентираше темата: „Важноста на скринингот за рак на белите дробови“ и Асс. Др. Леарта Асани – специјалист по патологија, која ја презентираше темата: „Класификација на малигните тумори на белите дробови според СЗО“.
-Ноември е месец на подигање на свеста за ракот на белите дробови. Ракот на белите дробови е со највисока смртност од сите видови на рак во светот и нормално дека треба да се направи нешто повеќе овој месец за да се привлече вниманието на луѓето кон прашањето на ракот на белите дробови. Од 10 карциноми кои ги откриваме во нашата клиника, девет се неоперабилни, т.е. нивната работа е завршена и не може да ви се помогне. Скринингот има за цел да дијагностицира рак што е можно поскоро и како резултат на тоа пациентите се лекуваат и имаат повеќе можности да живеат подолго, посочи на трибината д-р. Спец. Висар Џафери – специјалист по торакална хирургија.
На настанот се разговараше и за факторите кои влијаат на ширењето на ракот на белите дробови, како што се пушењето, генетиката, ураниумската прашина, изложеноста на азбест или радон и развојните фази.
ас