Од денес до петок невладината организација „Лоја“ и Факултетот за современи општествени науки Универзитетот на Југоисточна Европа ја одржуваат заедничката меѓународна научна конференција „Мултикултурно образование“. Ова е прва ваква конференција, која се одржува на Универзитетот во хибриден формат со оглед на тоа дека дел од учесниците на дебатата учествуваат преку интернет.
-Со оваа конференција сакаме да добиеме повратен одговор не само теоретски туку и во практичен смисол луѓе кои се практичари на овие идеи. Луѓе кои имале искуство во нашиот турбулентен регион во турбулентни времиња како што е сега. Така да, се надевам на една отворена дебата за да може заеднички да ги разгледаме сите наши постигнувања да видиме како може да се подобриме во иднина, изјави Бујар Љума од невладината организација „Лоја“.
На конференцијата учествуваат претставници на вкупно пет домашни универзитети, странски образовани иснтитуции и институти кои во рамки на шестте панели и теми ќе ги претстават нивните истражувања.
-Мултијазичноста и мултикултурноста во општественото не се пресликува во реалниот сектор поготово не во високото образование. Тоа не е едноставно во општество каде има големи предрасуди, истакна ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети.
Како главни говорници се Кшиштоф Чижевски полски писател, Ања Петц од германскиот Центар за обука и вмрежување во ненасилна акција Kurwe Wustrow и поранешната германска амбасадорка Гудрун Штајнакер.
А.С