Двајцата кандидати за градоначалник на Општина Јегуновце со потпис се обврзаа денес дека ќе го почитуваат Кодексот за фер и демократски избори. Дарко Блажески од СДСМ и Димитар Костадиноски од ВМРО ДПМНЕ се кандидати за функцијата.
-Ние учесниците во изборниот процес се обврзуваме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релевантини за изборите и ќе го почитуваме владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите, стои во Кодексот кој го потпишаа двајцата кандидатите за градоначалник.
Двајцата кандидатите доаѓаат од Општина Јегуновце, Блажески е досегашниот градоначалник додека Костадиноски е економист и вработен во локалната самоуправа.
ас