Во рамки на редовните активности на Црвениот крст од Тетово за распределба на храна и хигиенски производи изминатава недела за социјално загрозени семејства се поделени 43 пакети со храна и 65 со средства за хигиена.
Волонтерите ги продолжија и активностите за давање услуги односно купување намирници за стари и иземоштени лица во еден случај како и распределување на онколошка терапија и лекови за хронични болни во два случаи. Во изминатите седум дена 26 лица од тетовскиот регион дарувале крв во на Службата за трансфузиона медицина во Тетово во клиничката болница, информираат од тетовската организација на Црвениот крст во Тетово за неделните активности.
А.С