Од 1314 државни институции само 70-тина имаат определено лице за прием на пријави за корупција според Законот за заштитено пријавување на укажувачи односно пријави од ткн. „свиркачи. Од 2016 пријавени се 19 случаи директно до Комисија за спречување на корупција. Ова се резултатите од анализата на спроведувањето на законот изработена од Центарот за истражување „Форум“
„И тие 70 јавни институции каде има определено лице за прием на пријавите немаат воспоставено продцедура. Тука спаѓаат големи и сложени системи како на пример Министерство за внатрешни работи кое вработува над 12 илјади лица, а според перцепција на граѓаните е една институција каде е присутна корупција. На ниво на цело Министерство е определно само една лице за прием на пријави кое работи и друго како професионални стандарди, крминалистика итн. Во приватен сектор каде се вработуваат 600 илјади луѓе има само 24 овластени лица за прием на вакви пријави, вели Александар Писарев од Форум.
Според резултатите од анализата за спроведување на законот не е обезбедена максимална заштита.
„Што се подразбира за заштита, пријавувач кога ќе поднесе пријава да биде заштитен да никој не го знае неговиот идентитет, тоа значи дека институцијата да обезбеди за лицето за прием на пријави посебен компјутер, посебен пасворд со кој никој не може да влезе. Тоа бидејќи ние сме мала држава, сите се знаат и тешко се чуваат вакви информации, рече Писарев.
Анализата има за цел да се утврди колку е опративен и како се применува Закон за заштитено пријавување на укажувачи. Законот е донесен 2015 како резултат на рамковен договор, со реализација е започнато 2016.
„Не може да бидеме задоволни од неговата реализација и оперативност затоа што очигледно не постои политичка волја во државата да почне негово спроведување. Тој закон требаше да биде една од последните алатки во борбата за корупција и да ги охрабри граѓаните да пријавувата се она што е спротивно на јавниот интерес. Се покажа дека институците не покажаа голема отвореност и многу располжение да именуваат лица кои ќе бидат одговорни за прием на пријава, рече Писарев.
Министерството за правда, МВР, Народен правобанители Комисија за спречување корупција се 4 главни столбови кои треба да го иницираат и спроведуваат законот. Законот предвидува казнени одреди доколку и не се поденсе извештај за спроведување на Законот со казни и до 60 илјади евра.
А.С