Жител на тетовско Шемшово додека копал во дворот нашол неексплодирана направа, па ги повикал надлежните институции да ја отстранат.
Полицијата добила повик од седумдесет и шестгодишниот А.Ш. од тетовско Шемшово, кој пријавил дека пронашол неексплoдирана тромблонска мина.
-Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.