Тетововската полиција информира дека вчера (24 јуни) околу 21 часот и 40 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.О.(38) од Тетово, А.Ф.(30) од тетовско Теарце и Е.С.(26) од Скопје, затоа што во нивна непосредна близина билa пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
-Вчера (24 јуни) околу 15 часот и 25 минути, во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Н.(25) од ова село, поради сомнение за негова непосредна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. Со соодветен поднесок денеска (25 јуни) тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Околу 15 часот и 25 минути, во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле oд слобода Р.Р.(27) од тетовски Челопек, кој неовластено ги снимал додека преземале службени дејствија и одбивал да се легитимира, а потоа и неговиот татко Р.Р.(51), кој во меѓувреме дошол и физички ги нападнал полициските службеници при вршење на службени дејствија. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.