Од тетовската библиотека „Кочо Рацин“ денес информираат за промена на вчерашна одлука за работа само во една смена и дека согласно препораките на Владата установата воопшто нема да работи. За да не бидат оштетени читатели се продолжува рокот за враќање на книгите.
-Од утре петок 13 март во наредните две недели нема да работи библиотеката. За позајмените книги е продолжен рокот до 13 април, информираат од национална установа библиотека “Кочо Рацин” – Тетово.
За дополнителни информации, од Библиотеката апелираат членовите да комуницираат преку електронската пошта: zajmuvanjekrte@yahoo.com.
А.С