Нема ниту едно вработено лице заболено до КОВИД-19 во објектите на општинската јавна установа детска градинка “Младост”- Тетово, соопштија од општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени. Скринингот за вработените започна да се прави од 26 мај.
-Заврши тестирањето за вработените и наставниците од сите градинки на во состав на ОЈУГД „Младост“ во Тетово . За среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамките на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија денес од општина Тетово.
Како една од превентивните мерки за здравствена заштита установата од 1 јуни започна нова постапка за поднесување на барања за упис на нови деца во градинките по пат на електронска адреса.
А.С