Советот на Општина Тетово по втор пат донесе одлука за основање на ново општинско јавно претријатие за јавен превоз откако тоа веќе еднаш беше направено во 2014 година. Според образложението одлуката од 2014 нема правен легитимитет.
-Требаше да се изгласа затоа што документите и актите од 2014 година од правен аспект не важат. За да се регистрира јавното претријатие како нов субјект требаше повторена постапка во Советот за да има регистрација во рок како што е предвидено во законот за јавни претријатија, изјави директорот на претријaтието Фејсал Беадини.
Тој информираше дека Општина Тетово има добиено средства од Министерсвото за финансии и Светска банка за да се набават автобуси.
-Проектот е во висина од 72 милиони денари и со тие средства ќе се земат 5 нови автобуси кои ќе вршат јавен транспорт само низ градското подрачје, рече Беадини.
Советници усвоија и одлука со која долгот на Јавното претпријатие Градски паркинг го презеде општина Тетово. Изгласан беше и ребаланс на буџетот поради зголемување на платите во дел од админстрацијата.