Новиот градоначалник на Општина Брвеница Јовица Илиевски од ВМРО ДПМНЕ преку својата официјална страница на Фејсбук и на албански јазик им се обрати на граѓаните, порачувајќи дека нема да има делби и дека ќе работи за сите граѓани независно од нивната етничка припадност.
-Кога успехот на општината е приоритет тука нема национална и верска припадност, кога сонот за просперитетна Општина Брвеница е на дофат таа прилика се зграбува. Мојата визија за успех за сите нас, конечно ќе биде реализирана. Ви благодарам на сите, ви благодарам мои пријатели Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми и останати. Ви благодарам затоа што ја донесовме новата иднината во Општина Брвеница. Ви благодарам затоа што нашиот сон ќе биде јаве за нашите деца, вели тој во објавата на двата јазици.