Нови средства од европските фондови за Општина Тетово
Тетово, 28 март 2022 (МИА)- Евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Тетово се сретна и разговараше со градоначалникот Биљал Касами за тековни и нови проекти кои локалната самоуправа може да ги реализира со помош на фондовите на Европската унија. Гир посочи дека ЕУ досега на разни начини ја помага Општина Тетово, а една од нив веќе постоечката поддршка за развој на дополнителна канализациона мрежа и пречистителна станица на отпадни води. Во иднина ќе има средства и за нови проекти.
-Прва работа за која зборевме како да имаме позелено Тетово или позелен град. Разговаравме да поддржиме позелен плоштад за општина Тетово што подразбира садење на повеќе дрвја и друга зелена површина и подобрување на квалитетот на воздухот во Општина Тетово. Еден друг проект нов, да се намали загадувањето на воздухот во општина Тетово, кое е поврзан со пренасочување на системот за греење, проектот познат како Подобрување на енергетската ефикасност на јавни згради- за 14 такви јавни згради на изградба на енергетски ефикасна фасада, изјави Гир.
Имлементирање на проектите ќе значи подобрување на живот на Тетово, порача тетовскиот градоначалник.
-Со оваа соработка ќе се обидеме да го подобриме животот на граѓаните во многу области кои ни се секојдневен проблем. Во делот на подобри инфраструктурни проекти подобра животна средина повеќе зеленило во градот. Следните проекти се однесуваат на овие области, симболика на соработката е и преку проектот Европската куќа во Тетово со која ние сакаме ЕУ и условите за живеење да ги донесеме и во Тетово, изјави Биљал Касами.
Евроамбасадорот потсети на соработката и поддршката за регионалниот центар за стручно образование и обука, проект со цел да бидат младите по атрактивни за пазарот на трудот. Исто така и за тоа дека минатата недела беше доделен значителен грант за подобрување на дигиталните услуги на општината.