Тетовската полиција вчера фати возач кој се движел со 221 километар на час. Санкционирани се вкупно 33 возачи, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера полициски службеници од полициската станица за безбедноста во патниот сообраќај Тетово со употреба на т.н. ноќен радар спроведоа акциска контрола во периодот од 19 до 22 часот за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, информираат од МВР.