Вчера и денеска (12/13 април) од 8 до 1 часот и 30 минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово спровеле зајакната контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место. Во контролата, која во вечерните часови била реализирана со таканаречен „ноќен радар“, откриени и законски санкционирани се вкупно 16 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-1 и ГВ-15), од кои 1 (ГВ) до 70 километри на час повеќе.
При контролата, исто така, санкционирани биле и 20 возачи (ТЕ) кои ја пречекориле дозволената брзина во населено место, од кои 3 до 50 километри на час, а откриени и со соодветни поднесоци биле заокружени и 46 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-36 и ГВ-10).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да на је доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Ова, дотолку повеќе што и и во првите три месеци од годинава неприлагодената брзина е најчестиот прекршок на тетовско-гостиварското подрачје, но и најчестата причина за случените сообраќајни несреќи.