Кандидатот за градоначалник на Општина Јегуновце од СДСМ Дарко Блажески со завршно обраќање пред изборите во недела:
Веќе сме во финалето на изборната кампања и се ближи 17 октомври денот на локалните избори. Во изминатиот период јас и мојот тим ги поминавме сите населени места, разговаравме со граѓаните, ја претставивме најдобрата програма за градоначалник и најдобрата понуда за советници за општина Јегуновце. Пред се сакам дави се заблагодарам за поддршката што ми ја дадовте сега за време на изборната кампања, но и во изминативе 4 години. Без Ваша поддршка, од граѓаните на општина Јегуновце успехот немаше да биде голем. Оосбено ми е драго што поддршката доаѓа од сите жители на општината, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци и сите други.
За 4 години јас како градоначалник на општина Јегуновце ја сменив сликата на општината. Реализирав проекти што граѓаните и моите претходини ги зборуваа над 20 години, но никој не можеше да ги реализира. Капиталните инвестиции во општина Јегуновце беа реализирани со мојата огромна посветеност, но и желбата за поинаква, модерна, урбанизирана општина Јегуновце. По две децении се реконструираше регионалниот пат Јегуновце – Шемшово – Желино, се реконстуираа и алсафлтираа 5 регионални патни правци, асфалтирани улици во сите населени места, фекални канализациски мрежи, нова спортска сала во Јегуновце се само дел од важните проекти што ги реализиравме изминатите 4 години. Но тука нема да застанеме, тука нема да запреме со реализирација на проектите и инвестциите.
Во новиот втор победнички мандат уште од првиот ден започнуваме со реализација на крупни проекти, проекти што ќе значат подобар живот на граѓаните на општина Јегуновце од сите населени места. Вие со вашиот глас на 17 октомври одлучувате во каква општина сакате да живеете. Вие одлучувате дали ќе продолжат промените, реформите, проектите, дали ќе се асфалттираат нови улици, вие ќе одлучите дали ќе се поставуваат нови канализции, во какви услови ќе учат децата, вие одлучувате не само за Вас, туку и за вашите деца и генерации. Вие ќе одлучите дали општина Јегуновце ќе се движи напред, или ќе се врати назад, кон режим, мрачни сценарија, неизвесност.
Пред Вас граѓаните давам цврст збор и гаранција дека нема да дозволам јас, но и Вие, општина Јегуновце да тргне во погрешна насока. Нема да дозволиме страв, неизвесност, деструктивно владеење. Затоа Ве повикувам на 17 октомври да излезете масовно во поддршка на сигура иднина за вас и вашите идни генерации, поддршка за опшина која ќе се движи напред и градоначалник што посветено ќе работи за подобро утре на граѓаните.
Вие, со вашиот глас за број 12, за најдбриот кандидат за градоначалник и најдобрата понуда за советничка листа ќе го изберете најдоброто за Јегуновце. На 17 октомври вашата масовна поддршка ќе ми претставува мотив и одговорност во вториот мандат за поголема грижа за сите граѓаните, македонци, албанци, срби, турци, роми и сите други кои живеат во општина Јегуновце. Заокружете број 12, победнички број за подобра иднина на општина Јегуновце. Број 12 за Дарко Блажески, број 12 за најдобрата понуда на советничка листа од СДСМ.