Жители на неколку села во рамки на општина Брвеница се без напојување со електрична енергија од 11 часот поради испад на 20 киловолтен далновод. Според информациите од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија причината е во тоа што објект е изграден непосредно до далекуводот лоциран во селото Брвеница.
-Поради непрописно изграден објект на несоодветна безбедносна оддалеченост од 20 киловолтен далновод денес има испад од електродистрибутивната мрежа за селата Брвеница и Челопек. При силен ветер дел од проводониците допираат до објектот во село Брвеница и така настанал испадот од мрежата. Запознаени се сите релевантни институции за проблемот, информира Атанас Ковачески од ЕВН Македонија.
Екипи со работници на ЕВН сега работат на терен за повторно воспоставување на напојувањето со електрична енергија. Се прави напор да се овозможи снабдување за Брвеница и Челопек од други напојни точки, потенцираат од ЕВН Македонија.