Тетовскиот регион бележи нов рекорд од 64 заболени од Ковид-19 за 24 часа. Сега активно болни се 451 лице, додека вкупно дијагностицирани се 2030 лица. Починат е пациент на 63 години со што вкупно 102 лица во регионот досега го изгубиле животот поради коронавирусот. Има и 21 лице кои се водат како оздравени од Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти
Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.