Одбојкарска двојка од Србија се победници на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок што се одржа на Универзитетот во Тетово. Турнирот се играше изминатите три дена од петокот до неделата на одбојакарската игралиште на Универзитетот.
-Тандемот Милиќ/Гавриловиќ во финалниот дуел ја совлада екипата на студенти од Универзитетот во Тетово, Вејсели/Бериша со 21-14 и 21-18. Во дуелот за трето место Мустафи/Бериша од Косово ги совладаа Симовски/Стошиќ од С Македонија со 2-1 (21-17, 26-28 и 15-12), инфомираа од Универзитетот во Тетово.
Турнирот се играше изминатите три дена од петокот до неделата. Заеднички го организираа Универзитетот во Тетово и Одбојкарската федерација на С Македонија. Се натпреваруваа екипи од С Македонија, Албанија, Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
А.С