Oд денес на дополнителен број на улици во Тетово се воведува еднонасочен сообраќај, информираа од општината. Оваа одлука беше изгласана и на седница на Советот на Општина Тетово.
-За подобрување на условите во сообраќајот на дел од градските улици, Секторот за комунални дејности започна со поставување сообраќајни знаци за воведување на сообраќај во една насока. Улиците кои ќе бидат еднонасочни се: „Пробиштипска“, „Никола Тесла“, „Љубо Божиновски-Пиш“, улици од „Ески Џамија“ кои водат до училиштето „Братство – Миѓени“. Ве молиме за разбирање и почитување на новите правила кои имаат една единствена цел, да се избегне сообраќајниот хаос, се вели во соопштението од Општина Тетово.
Општината информира и дека се заменети или поправени сообраќајни знаци и на веќе постоечки улици со еднонасочен сообраќај.