Пациентка на 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во Ковид центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денес координарот во Ковид центарот д-р Гзим Нуредини
-Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка, информираше Нуредини.
И понатаму останува висок бројот на луѓе кои имаат потреба од прегледи поради симптоми на Ковид-19.
-Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулатнски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се потенцијални пациенти кои ќе бидат примени. Вчера сме имале 67 пациенти, тоа го кажувам често бидејќи е знак како ќе се одвиаат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши по две недели, но не знаеме на есен како ќе биде, рече докторот.
Нуредини како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број, дел од пациентите да биде однесени инфективната клиника во Скопје. Така според него нема да има потреба од реорганизација.