Владата одлучи од утре 6 април да се зголеми времетраењето на полицискиот час до 20 април и да биде од 20 часот до 05 часот наредниот ден. Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители, освен за достава на храна. Забранета е и работата на обложувалниците од 7 до 20 април, како и одржување на конференции и обуки.