Вчера (7 ноември) од 16 до 21 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. При контролата биле откриени и санкционирани 83 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-51 и ГВ-32), од кои 7 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 (ТЕ-20 и ГВ-2) за 50 до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај тоа, санкционирани се и 39 пречекорувања во населено место (ТЕ-17 и ГВ-22).
При контролата, исто така, со соодветни поднесоци санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4).
Завчера (6 ноември), пак, од 10 до 15 часот, на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е зајакната контрола за престигнување, во која откриени и санкционирани се 36 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-26). Најголемиот број од прекршоците (ГВ-22) се однесувале на престигнување на места каде не е дозволено престигнување. Санкционирани биле и 10 други видови прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-1).