Од 25 мај до 31 мај 28 лица доброволно се пријавиле во Службата за Трансфузиона Медицина во Тетово и дарувале крв, информираат од Црвен крст Тетово.
Активисти и волонтери од општинската организација на Црвениот крст Тетово во наредниот период преку социјалните мрежи, интернет портали и други платформи ќе го поттикнуваат и мотивираат населението за дарување крв.
-Во овие тешки времиња кога сите ние се соочуваме со невидлив непријател, во неможност да организираме крводарителскии акции на традиционален начин ги повикуваме сите граѓани да ја покажат својата хуманост со дарување на крв. Поради актуелната опасност од ширење на коронавирусот како и имајќи го во предвид зачувувањето на здравјето на населението и нивна заштита, крводарување ќе се организаира само во просториите на Службата за Трансфузиона Медицина во Тетово, потенцираат од тетовската организација на Црвениот крст.
А.С