Минатиот месец (декември), полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1689 сообраќајни прекршоци, а вкупно биле контролирани 4812 учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 84 возила.
Најмногу од исклучените возила (78) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 6 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките. Во декември лани, од сообраќај биле исклучени и 219 возачи, од кои 98 кои управувале без возачка дозвола, 5 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана, 64 возачи-почетници и 48 кои управувале под дејство на алкохол, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Откриените сообраќајни прекршоци минатиот месец, заокружени се со 305 прекршочни и 156 мандатни плaтни налози, како и со 1136 писмени опомени. Во декември,исто така, времено биле одземени 117 возачки и 62 сообраќајни дозволи, соопштува СВР Тетово.
А.С