СВР Тетово информира дека вчера околу 23 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.И.(26), Б.Р.(43) и Е.Б.(41), сите од тетовски Порој, поради основи на сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При нивен и преглед на возилото „ренџ ровер“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.
Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
А.С