Прес конференција одржа Ангел Карапетров, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово.
-Економијата тоне, нема инвестиции, здравството и образованието се пред колапс, нема ден без афери и скандали, имаме партизирано судство и обвинителство кое суди под политички притисок .
Сакаат, да станеме апатични поради колективната несреќа која ја донесоа. Сакаат, да се навикнеме на тешкиот живот, сакаат да ни ја нарушат самодовербата, да ни го скршат духот, за да може се полесно да им минува. Меѓутоа, очигледно не си го познаваат сопствениот народ, го потценуваат. Го сменија името, посегнаа по идентитетот и оставија длабоки рани кај секој од нас.
Почитувани тетовчани, доколку сте загрижени за вашата иднина и иднината на вашите семејства, доколку сте очајни и гневни поради распродажбата на националните и државните интереси, и разочарани од фактот дека секојдневно некој ваш близок заминува од државата за парче леб,приклучете се заедно со нас во заедничката борба да ставиме крај на ова зло. Приклучете се на „Разговори за Обнова на Македонија“ во сабота на 05.10.2019 во 13:00 часот пред “Лименка”
Тетовчани никогаш не потклекнуваат и не се предаваат, туку напротив имаат мотивација и инспирација да се изборат за подобра иднина, Приклучете се во враќањето на надеж во секој наш дом, во секое наше маало, во секоја наша улица. Да ја вратиме насмевката и среќата кај луѓето во секое семејство.
Ние, стартуваме со финишот на нашиот маратон, кој ќе заврши со успех!
Затоа, Приклучи се на Разговори за Обнова на Македонија“, бидејќи обновата доаѓа!