Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово испрати соопштение до јавноста.
-На 15 Јули граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да стават крај на овој хибриден режим, да стават крај на криминалот, на корупцијата, да стават крај на едно хаотично владеење, систем во кој немаше право и правда.
Владата предводена од СДСМ константно ги задолжуваше граѓаните. Во ниту еден момент не понудија одговор од каде ќе бидат обезбедени парите за сите овие ветени покачувања. Во ниту еден момент не кажаа дека Република Македонија ја задолжија за неколку милијарди евра, а од потрошените пари не гледаме никаква реализација на терен.
Освен лажни ветувања претставниците на СДСМ не понудија ништо ново и конкретно. Буџетот ќе се полни само ако македонската економија е стабилна и во добра кондиција, но неспособноста на оваа Влада да се справи со Ковид 19 во голема мера удри и врз економските текови во Република Македонија.
Секој граѓанин е подготвен да работи чесно и успешно, никој не сака да живее од социјална помош. Пред да го заокружите бројот за онаа партија на која сакате да и ја дадете довербата, размислете добро кој нуди реални и конкретни проекти, а кој настапува со лажни ветувања.
На 15 јули гласајте сите за бројот 14, за ВМРО ДПМНЕ, за горда и достоинствена Република Македонијa, се наведува во соопштението.