Соопштение до јавноста, реакција на пресот на Томислав Наумовски, портпаролот на ОО СДСМ Тетово.
До кога со лажни “ЌЕ” ветувања !!!
Томислав Наумовски, портпаролот на ОО СДСМ Тетово е малечок. Малечок е да памети за неколку крупни работи кои што се случија во првите години од осамостојувањето на Репубика Македонија. Малечок е, за да ги памети стотиците илјади стечајци, уништени животи, разграбан општествен капитал во рацете на мала група луѓе, таа акција беше наречена приватизација. Во тие години меѓудругото беа избрани и поставени 600 судии од страна на СДСМ, но затоа цутеа шверцот, криминалот и матни зделки.
Во 1990-та се наметна потреба регионалниот пат Тетово-Гостивар да се осовремени и прошири, за таа намена беа издвоени многу пари, автопатот кој денес ги спојува Тетово и Гостивар требаше пред 25 години да има 3 ленти во двете насоки, барем така беше проектот.
Но на магичен начин парите наменети за изградба на третата лента ги снема, автопатот беше изграден со по две ленти во двата правци и за тоа и по 25 години никој не одговара.
Но затоа после 25 години од неговата изградба, портпаролот на ОО СДСМ Тетово, Томислав Наумовски се пофали дека имале идеја за трета лента, алтернативно решение за овој патен правец. Проектната задача за овој правец била дадена на Градежниот факултет.
Лажните ветувања ги прикриваат со нови ветувања. Тоа е одликата на оваа власт. Реториката е секогаш иста, ветување без реализација, потоа следува уште едно поголемо ветување.
Ветени 500 евра просечна плата, плата од 100.000 денари за доктори, решавање на проблеми со откуп на производи кај земјоделци, нови 500 километри патишта, Југохром сеуште не работи и уште многу други.До каде сте со реализација на овие ветувања?
Дали може момчето од СДСМ да ни ги покаже или посочи делниците за нови 500 километри патишта кои ги ветивте во 2016 година на граѓаните? Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија Пат има повеќе задачи и обврски како редовно одржување на патиштата, проектирање и асфалтирање на делници, крпење на ударни дупки, поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Граѓаните се сведоци за намалениот обем на работа на ова претпријатие и лошата патна инфраструктура во овие три години од владеењето на СДСМ.
Розовите очила треба да ги симнат и да погледнат што сторија во Република Македонија, најактуелен случај е случајот РЕКЕТ и разрешувањето на Катица Јанева.
Право и правна држава – што беше тоа ?
Со почит,
Центар за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово