Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со соопштение до јавноста реагира на состојбата во стариот дел од градот поради недостигот од вода за пиење.
-Поради голем дефект на водоводната мрежа во Тетово, граѓаните се соочуваат со рестрикции во снабдувањето со вода, при што не се обезбедува еднакво опслужување со вода во сите критични делови од градот. Имено, повисоките делови на градот ( Колтук, Певчина, Два Бреста и Поток ) остануваат без капка вода за пиење, додека истовремено, во централното градско подрачје се користи вода за снабдување на хидрофорите и резервоарите, па поради што за домаќинствата во горниот дел на Тетово не останува воопшто вода. Токму затоа, е потребно да се воведе рестрикција на вода наизменично, во различни временски периоди во различни делови на град Тетово соопштија од ВМРО ДПМНЕ Тетово.
Притоа, ВМРО ДПМНЕ се сомнева дека причината за овој чест проблем со водоснабдувањето во Тетово е поради неквалитетниот нов водовод, бидејќи ова не е прв пат да се случуваат дефекти на водоводот, а кој само пред три години беше пуштен во употреба.
-Паметиме, дека и минатата година, поради пукната цевка на новиот водовод имаше прекин во снабдувањето со вода, а во јануари поради заматување на водата, водоводот неколку денови беше надвор од употреба. ВМРО ДПМНЕ бара од ЈКП Тетово да ја увидат грешката, да превземаат соодветни мерки како би ја исправиле неправдата кон жителите на стариот дел на град Тетово, така што би се обезбедило снабдување со вода подеднакво за сите делови на градот, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.