На прес конференција Тамара Гавровска, член на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ од Тетово ги истакна активностите во унапредувањето на родовата еднаквост.
Од 22 до 27 септември 2019 год. одбележавме недела на “Правата на жената и родова еднаквост”. Социјалдемократскиот сојуз преку своите политики, активно делува во унапредувањето на родовата еднаквост.
Концептот на еднакви можности, означува дека жените и мажите треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и право на глас во општествениот и политичкиот живот.
Родовата еднаквост во Република Северна Македонија претставува законска обврска и е дел од програмата на Владата.
Како позначајни постигнати резултати кои ги спроведе Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз се:
– Ратификацијата на конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство, односно Истамбулската конвенција.
-Воведување на концепт на родово-одговорно буџетирање
– Подобрување на состојбата со родова еднаквост во поединечни области и намалување на дискриминацијата по пол.
-Започнување на процесот за грижа за деца и пренесување на товарот од жените кон општеството преку зголемување на капацитетите, и обезбедување на различни форми на згрижување на деца.
– Донесување на новиот закон за прекин на бременост, со кој волјата на жената е на прво место, кој во времето на претходната Власт всушност беше рестриктивен.
Како наши приоритети за кои се залагаме се и:
-Воведување на мерки за балансирање на работата и семејството,
-Зголемување на стапката на учество на жените на пазарот на труд.
-Воведување на специјални мерки за економско јакнење на жените.
Стоп за дискриминација на жените!
Градиме едно општество, еднакво и праведно за сите!